Улицата „Ѓорѓи Димитров“ во Кисела Вода е модернизирана и доби сосема поинаков изглед.
Со завршувањето на последната фаза, комплетно е финализирана реконструкцијата на целата улица.
-Со новото уредување се создава уреден сообраќаен пат – широк коловоз, нови тротоари, партерно уреден простор како и ново улично осветлување. Ова ќе придонесе за подобар проток, зголемена сообраќајна безбедност и многу поквалитетно урбано секојдневие за жителите, вели градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.
Реконструкцијата покрива потег долг околу 1200 метри и широк 12 метри.
Проектот е обезбеден со поддршка од Владата преку Програмата за капитални инвестиции и првиот јавен повик за распределба на средства.