Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска ќе биде домаќин на министерот за финансии на Република Словачка, Ладислав Каменицки, кој ќе престојува во прва официјална посета на земјава.
Како што соопшти Министерството за финансии, двајцата министри ќе одржат тет-а-тет средба, по што ќе следи билатерален состанок на делегациите од двете земји.
-Фокусот на разговорите ќе биде насочен кон продлабочување на регионалната соработка во развојот на пазарите на капитал, размена на искуства за зголемување на ефикасноста во наплатата на јавните приходи, како и унапредување на политиките во борбата против сивата економија и даночната евазија, стои во соопштението на Министерството.
По завршување на средбата, двајцата министри ќе дадат изјави за медиумите.