Свет Во 2020 година, четири арапски земји го признаа израел

Саудиска Арабија најави признавање на Израел ако се реши палестинското прашање

Шефот на саудиската дипломатија Фајсал бин Фархан денеска најави дека неговата земја би можела да го признае Израел доколку се реши палестинското прашање.

Саудиска Арабија најави признавање на Израел ако се реши палестинското прашање

Тој, говорејќи на Светскиот економски форум во Давос, истакна дека првиот чекор кон решавање на проблемот е прекин на огнот „од сите страни“.

– Се согласуваме дека регионалниот мир вклучува мир за Израел, но тоа може да се случи само преку мир со Палестинците, преку палестинска држава, посочи бин Фархан.

На прашањето дали во тој контекст Саудиска Арабија би се согласила да го признае Израел, како дел од поширок договор, тој одговори потврдно.

Во 2020 година, четири арапски земји, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Мароко и Судан го признаа Израел.

Најнови вести од Свет

To top