Македонија Град Скопје

Ѓорѓиевски се обрати на Националната конференција „Безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа“

Имав чест да се обратам на Националната конференција „Безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа“, организирана од РСБСП.

Ѓорѓиевски се обрати на Националната конференција „Безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, учествуваше и се обрати на Националната конференција „Безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа“, во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП). На конференцијата се дискутираше за клучните предизвици и потребата од унапредување на меѓуинституционалната соработка, со цел подобрување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот во урбаните и руралните средини, се вели во соопштението од Град Скопје, што го објавуваме интегрално.

Во своето обраќање, градоначалникот Ѓорѓиевски ја истакна важноста на системските решенија, модерната инфраструктура и координираниот пристап за создавање побезбедно, современо и функционално Скопје.

Неговата изјава Ви ја пренесуваме во целост:

Имав чест да се обратам на Националната конференција „Безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа“, организирана од РСБСП.
Дискутиравме за унапредување на меѓуинституционалната соработка како и за размена на добри практики и искуства, а со цел подобрување на безбедноста во урбаните и руралните средини.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Скопје, е срцето на државата.
Економски, културен и социјален центар, град во кој секојдневието е динамично, а сообраќајот претставува вистински предизвик. Секој возач, велосипедист или пешак носи дел од одговорноста за безбедноста на улиците.

Тоа е задача што нè обврзува сите – од семејствата, преку училиштата и институциите, до медиумите.
Нашата метропола е голем сообраќаен јазол, со огромна патна инфраструктура и поврзани домашни и меѓународни патишта и автопати.

За да функционира оваа сложена мрежа, потребни се системски, професионални и координирани решенија.
ЈП „Улици и патишта“, ЈСП, Градски паркинг, сообраќајната полиција, факултетите, училиштата, техничките центри и невладиниот сектор мора да работат како една целина, а со цел улиците да бидат безбедни и функционални за сите граѓани.

Безбедноста во сообраќајот не се сведува само на семафори или пешачки премини, туку тоа е цел систем кој ги менува навиките, односот и свеста на учесниците во сообраќајот.
Брзото возење, непочитувањето на правилата и игнорирањето на пешачките премини мора да станат исклучок, а не секојдневие. За тоа е потребна постојана координација меѓу сите чинители – институции, јавни претпријатија, граѓаните и медиумите.

Огромен придонес во зголемувањето на безбедноста ќе има новиот Safe City систем.
Тој веќе почна пробно да функционира преку опомени, но од Нова година ќе почне и да ги казнува несовесните возачи. Со ова системско решение директно ќе се намалат прекршоците, ќе се поттикне култура на одговорно возење и ќе се обезбеди сигурност на улиците за сите.

Во насока на зголемување на безбедноста и растеретување на сообраќајниот хаос, градот Скопје ќе има клучна улога.
Проектите од мојата програма се токму во таа насока: кружниот тек и подземната сообраќајница кај Лимак, двата кружни тека кај „Тобако 2“, новото решение во Бутел кое ќе ја подобри проодноста и безбедноста кон Радишани и Чучер Сандево, модерното сообраќајно решение со кружен тек во центарот на Ѓорче Петров, како и новата клучка на источниот влез на градот кај Хиподром.
Ова се дел од нашата визија „Нула несреќи“ со која до 2030 година ќе реконструираме и унапредиме 50 опасни крстосници и улици по европски стандарди, за Скопје да стане град каде секој учесник во сообраќајот се движи сигурно и без страв.

Нашата цел е Скопје да биде град побезбеден од просекот на главните градови во Западен Балкан.
Град во кој ризикот од смрт или сериозни повреди во сообраќајот е минимизиран, каде животот на граѓаните е заштитен, а улиците сигурни за секого. Подобрувањето на квалитетот на животот е директно поврзано со намалување на сообраќајните незгоди, а ние се стремиме кон град каде нема загинати лица и каде сериозните повреди со траен инвалидитет ќе станат минато.
Скопје треба да биде град каде сообраќајот функционира предвидливо и безбедно.
Град каде мобилноста е ефикасна, инфраструктурата е создадена за сите и за возачи, велосипедисти и пешаци и каде секој може да се движи без страв.

Скопје и скопјани заслужуваат тоа.
И ние сме тука да го направиме можно со систематски, координирани и одговорни решенија за современ, безбеден и достоинствен град.

To top