Економија министерство за финансии

Димитриеска Кочоска: Реалните проекции за раст од 3,5% годинава и 3,8% догодина е доказ дека државата се движи во правилна насока

Поголем доказ од тоа дека Владата работи правилно како што расте БДП, нема. Јасно е, дека стапките на раст на БДП, отсликуваат дали политиката е добра, изјави министерката Димитриеска Кочоска.

Димитриеска Кочоска: Реалните проекции за раст од 3,5% годинава и 3,8% догодина е доказ дека државата се движи во правилна насока

Имаме реални проекции за раст од 3,5% годинава и 3,8% следната година, а тоа е доказ дека државата се движи во правилна насока, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

Во гостување на ТВ 24, таа посочува дека иако проекцијата за јавниот долг беше 62,1%, годината ќе ја завршиме под 61%, што, според неа, е јасен сигнал дека Владата работи внимателно, стабилно и одговорно.

– Веќе работиме на подготување материјал, којшто ни треба за издавање на еврообврзницата и тука параметрите во однос на сите соседни земји се одлични. Знаете, кога загрижува јавниот долг, кога имате просечан раст во седум години од 1,6 или 1,8%.

Тогаш загрижува јавниот долг. Јавниот долг не загрижува, кога ние имаме проектирани стапки на раст 3.5, 3,8%, коишто ќе ги οствариме. Поголем доказ од тоа дека Владата работи правилно како што расте БДП, нема. Јасно е, дека стапките на раст на БДП, отсликуваат дали политиката е добра, изјави министерката Димитриеска Кочоска.

To top