Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Каде завршила пченицата од стоковите резерви во вредност од 800 илјади евра во време на власт на СДС и дали, покрај Димковски, профитирал и Љупчо Николоски?

Дали е точно дека завршиле на црниот пазар во некоја од соседните држави и дали и Љупчо Николовски, покрај Димковски и останатите, профитирал од овој криминал врз грбот на граѓаните, па за тоа сега е гласен во јавноста исплашен од одговорност, нотираат во денешното соопштение.

Каде завршила пченицата од стоковите резерви во вредност од 800 илјади евра во време на власт на СДС и дали, покрај Димковски, профитирал и Љупчо Николоски?

Со секој изминат ден криминалните структури на СДС се повеќе излегуваат на површина, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Случајот со државните стокови резерви ја покажа целата нечесност и криминогеност на кадрите на СДС, кои лична корист се спремни да го жртвуваат дури и лебот на народот, стои во соопштението.

Во последната акција на истражните органи, заедно со уште четири службени лица, опфатен е Трајан Димковски, дел од раководните структури на СДС кој е поранешен министер и заменик министер за земјоделие, како и шеф на кабинет на Љупчо Николовски, додаваат од владејачката партија.

„Димковски се товарат дека во периодот од 2019-2021 година, заедно со другите службени лица, направил отпис на 2.000 тони пченица и јачмен од државните стокови резерви, во вредност близу 800.000 евра.

До владата, Димковски поднел записник дека има кусок на 2.000 тони јачмен и пченица од стоковите резерви за период од 2007 до 2021 година, а владините претставници како Филипче, Заев и Николовски го донеле заклучокот на владина седница.

Не само што не провериле пред да се донеси заклучокот на владината седница, туку истите овие лица знаеле дека нема законска основа да се зема предвид тој период, затоа што во 2019 година била извршена целосна обнова на складираната пченица и јачмен, а до 2019 се правеле редовни контроли каде не бил констатиран кусок.

Со други зборови, пченицата била отпишана, иако постоела и била употреблива, а кусокот, веројатно, бил за периодот од 2019 до 2021 година“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Вреди да се напомни дека тој период се поклопува енергетската криза и со корона периодот, каде цените на храната вртоглаво растеа, и затоа јавноста заслужува да знае каде завршиле овие 2.000 тони јачмен и пченица?

Дали е точно дека завршиле на црниот пазар во некоја од соседните држави и дали и Љупчо Николовски, покрај Димковски и останатите, профитирал од овој криминал врз грбот на граѓаните, па за тоа сега е гласен во јавноста исплашен од одговорност, нотираат во денешното соопштение.

Граѓаните заслужуваат одговори, одговорност и целосно расветлување на случајот. Секој кој профитирал врз грбот на граѓаните да сноси одговорност и СДС да престане да ги брани криминалците од своите редови, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

To top