Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола ја коментираше неговата победа во категоријата „Најдобар тренер за 2023 година“ во изборот на ФИФА.
– Во име на стручниот штаб и во мое лично име, сакам да им се заблагодарам на нашите играчи за она што го направија за овој клуб осум години, за ова патување. Тие не знаат како е да доаѓаш на работа секое утро и да бидеш со нив. Не е важно дали ќе победиме или ќе загубиме, за мене е чест да бидам нивни тренер, изјави Гвардиола, за „Yahoo Sports“.
Во 2023 година, Манчестер сити ја освои Лигата на шампионите за прв пат во својата историја.
Освен тоа, тимот на Гвардиола освои уште четири трофеи: Премиер лигата, ФА Купот, УЕФА Суперкупот и Светското клупско првенство.