Македонскиот ракометен вицешампион Вардар пред два дена заврши голема работа, обезбедувајќи пласман во втората групна фаза на Европската лига.
Со победата на гостувањето во Хрватска кај Сесвете, Вардар си обезбеди најмалку уште четири натпревари против германскиот Мелсунген и португалската Бенфика.
Но, црвено-црните треба да го одиграат уште послендиот натпревар од групата против францускиот Тулуз.
Тој меч е закажан за 2 декември во 18.45 часот во СЦ „Јане Сандански“.
Картите за овој натпревар може да се купат по цени од 200 и 300 денари на онлајн платформата на TicketX.