Македонија

Вонредни инспекции во кујните на 9 основни училишта во Карпош, операторот со храна е ист

Вонредни инспекции во кујните на 9 основни училишта во Карпош, операторот со храна е ист

Инспекциски тимови од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денес, спроведуваат вонредни инспекциски контроли во кујните на 9 основни училишта во Општина Карпош со кои стопансисува истиот оператор со храна во чија сопственост е и централниот магазин кој се наоѓа во основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во Скопје и од каде се набавуваат репроматеријали за подготовка на храна.

-Во рамки на превентивните вонредните контроли во овие училишта, каде нема деца кои појавиле симптоми на труење со храна, се земаат мостри од храна и од работните површини за лабораториско тестирање, информираат од Агенцијата.

АХВ ги чека резултатите од тестирањата на земените примероци храна и од работните површини во рамки на вчерашната вонредна инспекциска контрола која заедно ја спроведоа инспектори за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот здравствен и санитеран инспекторат и Ценатрот и Институтот за јавно здравје.

To top