Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје вчера вечерта го лишија од слобода Р.Р.(36) од Скопје.
-При извршен претрес во неговиот дом и други простории во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, по добиена судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага, информира МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.