Земјотрес со магнитуда од 6,6 степени е регистриран во близина на островот Симелуе во Индонезија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Според неговите податоци, епицентарот се наоѓал 46 километри јужно од градот Синабунг, каде што живеат 15 илјади луѓе. Фокусот бил на длабочина од 25 километри.
Нема информации за штети или повредени. Не е објавена закана од цунами. (МИА)