Фудбал

ЛШ: Арсенал останува перфектен, Атлетико го совлада Интер

ЛШ: Арсенал останува перфектен, Атлетико го совлада Интер

По петата рунда во фудбалската Лига на шампиони, само англискиот Арсенал има максимални пет победи.

Ова откако вечерва популарните „топчии“ пред својата публика во Лондон лесно го совладаа минхенски Баерн со 3-1.

Стрелци на головите за Арсенал беа: Тимбер (22.минута), Мадуеке (69) и Мартинели (77). Полесниот гол за германскиот шампион го постигна Карл (32).

Затоа пак англискиот првак Ливерпул претрпе дебакл пред своите навивачи.

на дуелот одигран на „Енфилд“, Ливерпул заглиби од ПСВ со 1-4. Гостите го отворија резултатот преку Перишиќ (6.минута) од пенал. Израмни Собослаи во 16-тата минута, и тоа беше се што стори Ливерпул. Во вториот дел три гола за холандскиот тим, а ги постигнаа Тил (56) и два на Мароканецот, Дриуех (79 и 91).

Супер интересно беше во Мадрид, каде победникот беше решпен во судиското дополнение. На задоволство на домашната публика Атлетико го победи Интер со 2-1.

Одлично започна натпреварот за Атлетико кој во 9.мунута со голот на Алварез поведе со 1-0. минималната предност домаќините ја одржуваа до 54.минута кога Зелински израмни на 1-1.

И кога сите очекуваа така и да заврши натпреварот, ерупција на стадионот „Метрополитано“. За тоа се погрижи Уругваецот, Хименез со голот во третата минута од судиското дополнение.

 

To top