Музејот Гревен во Париз откри нова восочна фигура на принцезата Дајана во нејзиниот „одмазднички“ фустан.
Имено, Музејот Гревен изложи фигура на принцезата Дајана во природна големина во нејзиниот црн, тесен коктел фустан што го носеше на настан во галеријата Серпентин во Лондон во 1994 година.
На овој настан, кралот Чарлс III, кој во тоа време беше принц, јавно призна дека изневерувал и одржувал врска со Камила Паркер Боулс. Оддавањето почит на принцезата Дајана на овој начин има дополнително значење за Париз, бидејќи таа загина во сообраќајна несреќа во тунел покрај реката Сена во 1997 година.
Откривањето на фигурата на принцезата во овој музеј се случи точно на 30-годишнината од нејзиното интервју за Би-Би-Си, за кое многумина тврдат дека го нарушило угледот на монархијата и кралицата.
„Фустанот е многу важен за нејзиното ослободување, бидејќи во кралското семејство црната боја се носи само за погреби, а потоа толку секси фустан за принцезата од Велс не е нешто вообичаено. Париз никогаш не се откажал од принцезата Дајана, па затоа имало смисла конечно да добие фигура. Ако туристите дојдат да ги видат овие фигури, принцезата Дајана ќе биде првата што ќе ја бараат“, тврдат организаторите.