Во општина Бутел е изградено ново детско игралиште на површина од 400 м2 во спортско-рекреативниот центар “Македонија”. Покрај тоа, се реконструираше и малиот плоштад. Поставена е нова урбана
опрема, нова ограда и ново осветлување.
Запуштеното место со руинирани игралишта денес претставува модерен спортско-рекреативен центар на површина од 6.000 м2. Исто така, во населеното место Радишани е изградено ново корито на река
Серава, пешачка патека, фудбалско игралиште со висококвалитетна вештачка трева, баскет игралиште со специјална подлога, детско игралиште со мека подлога, фитнес зона, нов парк и се обезбедени дополнителни паркинг места.
Општина Бутел се менува. Општина Бутел вложува во понатамошен развој на спортот, обезбедувајќи здрава иднина на новите генерации.
Локалната самоуправа инвестира и создава можности за редовно практикување на спорт на сите граѓани.