Во три одвоени случаи, во морскиот дел јужно од грчкиот остров Крит, утрово биле спасени вкупно 107 мигранти кои се пренесувале со три чамци и сите безбедно биле пренесени на пристаниште, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што информираа од крајбрежната служба на Грција, во првите два случаи, 30 и 35 лица биле спасени од бродови што пловеле во близина, едниот под турско, другиот под германско знаме.
Во третиот случај интервенирал спасувачки брод на крајбрежната служба за спасување на 42 мигранти.