Македонија шанса за пресвртница од негативата во македонското судство

Маневски за процесот за „Пулс“: Вистината мора да се утврди, јас сум оптимист дека ова судење ќе биде пресвртница за македонското судство

Мора да се утврди вистината, овде трагедијата и штетите се катастрофални, колкави жртви се во прашање, над 250 луѓе вкупно, 63 мртви и 190 повредени, ова е најтешкиот случај во македонската историј, во државата, посочи Маневски, човек кој целиот живот го мина во правосудните ттела и институции.

Маневски за процесот за „Пулс“: Вистината мора да се утврди, јас сум оптимист дека ова судење ќе биде пресвртница за македонското судство

Оптимист дека ова ќе биде пресвртница за македонското судство и дека процесот за трагедијата во „Пулс“ ќе заврши со утврдување на вистината, во еден разумен рок согласно Европската конвенција за почитување на човековите права и Законот за кривична постапка, ваква надеж пред стартот на процесот изрази поранешниот министер за правда, јавен обвинител, судија и прв антикорупционер Михајло Маневски во „За или против“ со Љупчо Цветановски.

-Јас да бидам оптимист, очекувам дека овој процес, на некој начин, може да биде прекретница  за постигнување на сето ова што го констатираме како негативно, дека ќе се заврши во еден разумен рок, дека ќе се заврши согласно Уставот, во одредбите на законот каде што ќе се обезбеди правично судење, изведување на сите докази и на одбраната и на обвинителството итн., каде што ќе се утврди вистината. Мора да се утврди вистината, овде трагедијата и штетите се катастрофални, колкави жртви се во прашање, над 250 луѓе вкупно, 63 мртви и 190 повредени, ова е најтешкиот случај во македонската историј, во државата, посочи Маневски, човек кој целиот живот го мина во правосудните ттела и институции.

-Јас се надевам и гледам дека е така, има такви најави, а тоа го бараат и родителите на овие деца, ова да не трае со години, туку да се заврши во еден разумен рок, она што го предвидува и Европската конвенција за човекови права и она што го бара и нашиот Закон за кривична постапка, правично судење во разумен рок. Не е правично судење во разумен рок пет години да се води процесот, тоа е неразумен рок и не е правично судење, потенцира Маневси во интервјуто за ТВ Алфа.

Најнови вести од Македонија

To top