Музика Познати Интервју

Розга за Курир: Имам огромна трема утрото пред секој концерт и целиот тој ден сум во салата, од бината ме „бркаат“ бидејќи започнува да влегува публиката! (ВИДЕО)

На прашањето дали Скопје е последниот град од нејзината турнеја, таа вели дека истата ќе продолжи во Хрватска, поточно во Задар и дека едвај чека да пее пред својата публика во Сплит.

Розга за Курир: Имам огромна трема утрото пред секој концерт и целиот тој ден сум во салата, од бината ме „бркаат“  бидејќи започнува да влегува публиката! (ВИДЕО)

Балканската музичка ѕвезда Јелена Розга во Скопје на 10 февруари ќе го одржи својот концерт во Арената „Борис Трајковски“, а по тој повод за читателите на Курир откри дали има трема и што може да очекува македонската публика од неа.

Публиката може да очекува два часа и 50 минути сјајна љубов, сјајна музика, кореографија, убавина и едноставно генијална продукција, а пред се сјајни песни со многу емоции и едвај чекам, вели Розга.

На прашањето дали Скопје е последниот град од нејзината турнеја, таа вели дека истата ќе продолжи во Хрватска, поточно во Задар и дека едвај чека да пее пред својата публика во Сплит.

Ќе има уште концерти во најава, се надевам и дека ќе се отвори арената во Сплит и дека ќе можам во својот град да го покажам она на што сум работела толку години, додава таа.

Пејачката вели дека секогаш има трема пред публиката.

Јас веќе сега имам трема, позитивна, бидејќи се ближи концертот. И сега можете да замислите како ќе биде последните десет дена, па пет, а како е тоа утро, ми веруваш ли дека утрата на денот на концертот ми се најтешки. Јас воопшто не знам дали во тој момент ќе можам да излезам на сцена од толкава трема, многу се грижам, а потоа следуваат подготовките, па потоа доаѓањето во арената, бидејќи јас сакам четири пет часа да бидам на концертот пред да започне. Сакам да бидам на бина и до последен момент сум на бина и мене буквално ме бркаат од сцената, бидејќи доаѓа публиката. Јас целото тоа време сум на бина и пеам во наметка до последен момент и не го испуштам микрофонот од раце и цело време ги повторувам песните и кореографиите и кога ќе излезам на сцена, потоа ништо, вели пејачката.

Вели дека има пријатели во Македонија и дека публиката може да очекува во оваа 2024 година и балада и побрза песна.

To top