Украина ќе купи од Франција 100 борбени авиони „рафал“ произведени од компанијата „Дасо“. Договорот за намери за десетгодишно „стратегиско партнерство“ го потпишаа претседателите Володимир Зеленски и Емануел Макрон пред паркиран „рафал“ на воен аеродром близу Париз.
„Постигнавме историски договор. Ќе ја зајакнеме нашата авијација, противвоздушната одбрана и други одбранбени капацитети“, објави Зеленски.
Детали за бројот на авиони, начинот на испорака, другото оружје и сумата што ќе ја плати Киев не се објавени. Некои Франција може веднаш да ги испорача од своите хангари, но повеќето допрва треба да бидат произведени.
Украина сега има флота од околу 250 борбени авиони, вклучувајќи американски „ф-16“ и шведски „грипен“. Макрон во октомври ѝ понуди на Украина постари авиони „мираж“ и противвоздушни проектили „астер 30“, произведени специјално за украинската артилерија.