Задоволството кај најтрофејниот шпански клуб е уште поголемо поради тоа што првпат по 2017 година, титулата во ова натпреварување ја освојува по дуел против најголемиот ривал Барселона и победа од 4-1.
До триумфот, Реал дојде благодарение на своите бразилски напаѓачи Винисиус Жуниор и Родриго кои ги постигнаа сите четири гола. Во првото полувреме блескаше Винисиус кој реализира хет-трик, а точка стави Родриго во 64. минута. Во меѓувреме Левандовски постигна прекрасен гол за 1-2, колку да ја врати надежта, но тоа ни оддалеку не беше доволно за кам-бек.
И покрај поразот, Барселона останува најтрофејна во Суперкупот на Шпанија со 14 титули, но алармантно е тоа што каталонскиот клуб се наоѓа во серија од три порази во дуелите со Реал со вкупна гол-разлика 2-10.