Свет Индија

Се зголеми бројот на жртви по експлозијата во Кашмир

Бројот на загинати во синоќешната експлозија во полициска станица во индиски дел на Кашмир се искачи на девет, а 32 се повредени. Инцидентот се случил по детонацијата на конфискувани експлозиви складирани во полициската станица

Се зголеми бројот на жртви по експлозијата во Кашмир

Бројот на загинати во синоќешната експлозија во полициска станица во индиски дел на Кашмир се искачи на девет, а 32 се повредени. Инцидентот се случил по детонацијата на конфискувани експлозиви складирани во полициската станица.

Локалната полиција соопшти дека експлозијата во полициската станица во градот Срингар е несреќен случај и ја исклучи можноста за напад. Несреќата се случи додека полицајци и форензичари го испитувале експлозивот.

Инцидентот се случи четири дена по смртоносната експлозија на автомобил-бомба во Њу Делхи, при што загинаа најмалку осум лица. Индиските власти нападот го класифицираа како терористички чин.

Најнови вести од Свет

To top