Скопје

Во Општина Кисела Вода се одвиваат интензивни градежни активности за уредување на речното корито на Мала Рада

Уредувањето на коритото на Мала Рада ќе го намали ризикот од поплави, напиша Стаменкоска Трајкоска

Во Општина Кисела Вода се одвиваат интензивни градежни активности за уредување на речното корито на Мала Рада

Општина Кисела Вода продолжува со реализација на капитални инфраструктурни проекти, меѓу кои е и уредувањето на речното корито на Мала Рада, што претставува една од поголемите тековни инвестиции во општината. Дел од тимот на општината, предводен од градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска, денес изврши увид во градежните работи, кои се наоѓаат во напредна фаза.

Според градоначалничката, во голем дел се завршени потпорните ѕидови, како и интервенциите во самото речено корито. Проектот се финансира со средства обезбедени од Владата на Република Македонија преку програмата за капитални инвестиции, финансирани од унгарскиот кредит, за кој Општина Кисела Вода успешно аплицирала.

Реката Мала Рада минува низ целото село Драчево и се влева во Вардар, со вкупна должина од околу 2,5 километри. Рехабилитацијата на бетонските профили и зајакнувањето на потпорните косини, како што нагласуваат од општината, ќе овозможат зголемена пропусност на водотокот и значително намалување на ризикот од поплави, особено во зимскиот и пролетниот период.

„Како локална самоуправа остануваме фокусирани на конкретни и видливи резултати. Континуитетот во реализацијата на вакви капитални зафати е од исклучително значење, бидејќи тие директно го подобруваат квалитетот на живот, ја зголемуваат безбедноста и ја уредуваат општината на начин што ја прави поубава и пофункционална,“ изјави Стаменкоска-Трајкоска.

Од општината најавуваат дека веќе е започната обемна програма со бројни инфраструктурни и развојни проекти кои ќе ги опфатат сите населби на територијата на Кисела Вода, со цел обезбедување стабилен, уреден и модерен развој на општината.

Уредувањето на коритото на Мала Рада ќе го намали ризикот од поплави.

Денес со дел од мојот тим извршивме увид во…

Posted by Бети Стаменкоска Трајкоска on Friday 14 November 2025

Најнови вести од Скопје

To top