Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски на прес-конференцијата после натпреварот со Летонија ги искажа впечатоците од мечот, и кажа дека е задоволен о тоа што било прикажано од тактички и формациски план.
„Сето она што си го зададовме како задача, освен победата на овој меч беше исполнето. Увидов како ќе се однесува тимот во нова формација, со пресинг, тактичка дисциплина.
Од тој аспект мора да сум задоволен. Од друга страна, мора да им обезбедиме подобри услови на играчите за домашни мечеви. Тука мислам пред се на теренот. Во иднина тоа мора да се промени. Овие момци заслужуваат подобро. Честитки за Летонија за играта и за залагањето. Неслучајно ги добравме нив, се покажаа дека се квалитетен противник.
Против нив во Лигата на Нациите одигравме добар меч. Не можам, а да не сум заодоволен од сите кои се во ростерот. Во моментов се 28. Без разлика дали се работи за стартери, за резерви… сите се на ниво.
Мечот со Велс е подеднакво важен како и сите мечеви до сега. Сами се доведовме до оваа ситуација. Во игра сме за второто место, да уживаме во дуелот и во се што ќе се случува таму“, изјави Милевски.