Скопје Општина Бутел

Костовски: Главната улица во Расадник е целосно реконструирана

Денес градоначалникот Дарко Костовски изврши увид во активностите за реконструкција на улицата 21, во должина од 450 метри. Локалната самоуправа обезбеди дополнителни паркинг места и го исполни барањето на жителите на улица 21, во населеното место Расадник.

Покрај тоа, наскоро ќе започне реконструкција на улиците „Бутелска 2”, „Ангел Мојсковски”, „Александар Грличков” и „Љубинка Басотова”. Локалната самоуправа реализира проекти за подобрување на патната инфраструктура во сите населени места во општината и обезбедува пристојни услови за живот на сите граѓани. Општина Бутел продолжува да се гради и развива во модерно и подобро место за живеење.

Најнови вести од Скопје

To top