Фудбал Европска фудбалска федерација

Финалето на Евро 2028 ќе се одржи на „Вембли“

Полуфиналињата (4 и 5 јули) и финалето (9 јули) ќе се одржат на стадионот „Вембли“ во Лондон.

Финалето на Евро 2028 ќе се одржи на „Вембли“

Европската фудбалска федерација (УЕФА) го потврди распоредот на натпреварите за Европското првенство 2028, според веб-страницата на организацијата.

Домаќини на завршниот турнир ќе бидат Англија, Ирска, Шкотска и Велс. Вкупно се закажани 51 натпревар. Првиот натпревар од првенството, во кој ќе учествуваат екипи од Групата А, ќе се одржи на 9 јуни 2028 година, на Националниот стадион на Велс во Кардиф.

Полуфиналињата (4 и 5 јули) и финалето (9 јули) ќе се одржат на стадионот „Вембли“ во Лондон.

Потврдени се три времиња на почеток за натпреварите на Евро 2028: 15:00, 18:00 и 21:00 часот по централно европско време. Финалето ќе започне во 18:00 часот по централно европско време.  (МИА)

To top