Свет Италија

Во Рим денеска прва заедничка седница на албанската и италијанската Влада

“Состанокот меѓу двете влади ќе биде можност за разгледување на билатералната соработка и договор за понатамошни иницијативи насочени кон зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Рим и Тирана, идентификувајќи ги клучните сектори како што се одбраната и безбедноста, енергетиката, миграцијата, цивилната заштита, здравството, животната средина, економскиот и инфраструктурниот развој, како стручното оспособување во секој од овие сектори на соработка“, објавија медиумите.

Во Рим денеска прва заедничка седница на албанската и италијанската Влада

Во Рим денеска ќе се одржи првата заедничка седница на владите на Италија и на Албанија, со која ќе раководат  премиерите Еди Рама и Џорџа  Мелони, која всушност е и прва седница на италијанска Влада со влада на земја која не е членка на ЕУ, објавија медиумите.

“Состанокот меѓу двете влади  ќе биде можност за разгледување на билатералната соработка и договор за понатамошни иницијативи насочени кон зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Рим и Тирана, идентификувајќи ги клучните сектори како што се одбраната и безбедноста, енергетиката, миграцијата, цивилната заштита, здравството, животната средина, економскиот и инфраструктурниот развој, како стручното оспособување во секој од овие сектори на соработка“, објавија медиумите.

Во одбранбениот сектор, Италија ќе обезбеди опрема и технологија, а во Албанија ќе биде распоредена поморска инфраструктура за изградба и одржување на бродови.

“Во енергетскиот сектор, во тек се работи на проширување на соработката врз основа на трилатералниот договор меѓу Италија, Обединетите Арапски Емирати и Албанија потпишан во Абу Даби на 15 јануари годинава, кој предвидува производство на обновлива енергија во Албанија и подморска меѓусебна врска за обновлива енергија што ќе ги поврзува Италија и Албанија, наведуваат медиумите.

Исто така  ќе биде формирана заедничка работна група за продлабочување на соработката во борбата против нерегуларната имиграција и зајакнување на капацитетите за поморска патрола на Албанија.

Во фокусот на билатералната средба, која се случува  во важен момент во процесот на евроинтеграцијата на Албанија, ќе бидат прашања и од други  области.

To top