Земјотрес со јачина од 5,3 степени, според првичните податоци, бил регистриран во близина на градот Пафос во југозападниот дел на Кипар, јави дописничката на МИА од Атина.
Земјотресот било околу 11.30 часот по локално време, според кипарските медиуми бил силен и почувствуван во повеќе делови на островот, а следеле неколку помали потреси.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.