Денеска со огромна чест и длабока одговорност го примив уверението и официјално ја преземам функцијата градоначалник на Општина Аеродром. Ви благодарам од срце за довербата, објави Дејан Митески победи на вториот круг на локалните избори 2025.
„Од овој момент започнуваме со работа – посветено и искрено. Нема време за чекање! Ќе бидам градоначалник кој слуша и е достапен за сите.
Во следниот период Аеродром ќе добие значајни проекти кои ќе го подобрат квалитетот на животот на сите жители – повеќе уреденост, зелени површини и подобра инфраструктура.
Аеродром ќе биде општина за сите аеродромци – без разлика на партија, верување или припадност. Заедно ќе градиме средина со почит и солидарност.
Ви благодарам уште еднаш за шансата да ви служам. Заедно можеме многу! Ова е само почеток на нова, поуспешна приказна за нашиот Аеродром“, објави Митески.
Драги сограѓани,
🌟 Денеска со огромна чест и длабока одговорност го примив уверението и официјално ја преземам…
Posted by Дејан Митески on Петок, 7 ноември 2025