Република

Тони Тоневски нов градоначалник на општина Пробиштип

Во Општина Пробиштип денес беше одржана свечена церемонија на која Општинската изборна комисија (ОИК) ги додели Уверенијата за новиот градоначалник и членовите на Советот. Новоизбраниот градоначалник Тони Тоневски истакна дека овој документ не е само административна формалност, туку симбол на довербата која граѓаните му ја дале.

-Драги сограѓани,

Денес, од страна на ОИК Пробиштип, свечено беа доделени Уверенијата за Градоначалник и за Советници во Советот на Општина Пробиштип.

Овој документ не е само формален лист хартија, туку симбол на довербата која ми ја дадовте и вашата желба за развој на Пробиштип.

Честитки до членовите на ОИК и до сите граѓани на нашата општина за успешно спроведените локални избори.

Искрени честитки до сите избрани советници!

Посакувам успешна работа, конструктивни дебати и заедничко работење во интерес на сите граѓани.

Промените започнуваат!, пишува Тоневски на Фејсбук

To top