Скопје Општина Илинден

Конститутивна седница на Советот на Општина Илинден

Во свечена и позитивна атмосфера, денес се одржа конститутивната седница на новиот состав на Советот на Општина Илинден, на која беа верификувани мандатите на петнаесетте новоизбрани советници, кои во наредниот период ќе ја претставуваат волјата на граѓаните. Со едногласна поддршка, за претседател на Советот на Општина Илинден беше избрана Светлана Слезенковска.

На седницата присуствуваше и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој им посака успешна и плодна работа на советниците и истакна дека очекува континуирана соработка меѓу Советот и локалната самоуправа, во насока на понатамошен развој и подобрување на условите за живот во општината.

– Општина Илинден е препознатлива по својата транспарентност, ефикасност и одговорно работење. Убеден сум дека и во претстојниот период ќе продолжиме да градиме современа, уредена и европска општина, преку соработка, разбирање и заемна поддршка. Советот е темел на локалната демократија и секој советник има одговорност да биде вистински глас на својата
заедница. Нека оваа седница биде почеток на уште поуспешен мандат и заеднички напредок, истакна градоначалникот Георгиевски.

Во наредниот период, Советот ќе ја насочи својата работа кон поддршка на реализирањето на капиталните инфраструктурни и општествени проекти предвидени во програмата на Општина Илинден, со што ќе се овозможи уште подобар и поквалитетен живот за сите граѓани.

Најнови вести од Скопје

To top