Скопје потпорен ѕид во Радишани

Општина Бутел не запира со активности и ги реализира ветувањата кон граѓаните

Потпорниот ѕид е најголемо барање на граѓаните од ова населено место, кое се реализира и покрај сите проблеми со техничката документација.

Општина Бутел не запира со активности и ги реализира ветувањата кон граѓаните

Ве известуваме дека денес градоначалникот Дарко Костовски изврши увид во изградбата на потпорниот ѕид на улица 50 во Радишани. Поради одрони и пропаѓање на улицата, неопходно беше да се изврши санација на оштетениот дел од улицата. Изградбата на потпорниот ѕид ќе обезбеди дополнителна сигурност на објектите на граѓаните и заштита од можно лизгање на земјиштето. Потпорниот ѕид е најголемо барање на граѓаните од ова населено место, кое се реализира и покрај сите проблеми со техничката документација.

Најнови вести од Скопје

To top