Кошарка

Реал и Барселона се селат во натпреварувањата на ФИБА?

Реал и Барселона се селат во натпреварувањата на ФИБА?

На повидок е нова револуција во европската кошарка. Шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона се пред напуштање на Евролигата, пишуваат медиумите во Грција.

Двата гиганти би се можеле да се преселат во натпреварувањата на ФИБА.

Евролигата инсистира двата клуба да потпишат долгогодишни договори и на тој начин да бидат сигурни во нивно останување. Од друга страна НБА лигата врши притисок со интенција за преселба во ФИБА натпреварувањата, како прв чекор кон формирањето на лига основана од НБА.

Реал Мадрид и Барселона до декември треба да се изјаснат за договорот со Евролигата.

Се шпекулира дека и Фенербахче ќе го следи патот на шпанските клубови, а француски Асвел веќе ја напушти Еврокигата и пак игра во натпреварувањата на ФИБА.

To top