Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Не сум среќен поради дебаклот на СДСМ, но тој е одраз на реалноста дека оваа партија не се реформираше

Секои избори се порака и опвие избори се порака и до нас, да не се забегува во победата туку да се носиме со одговорноста дадена од граѓаните и да ја оправдаме. Да се менуваме и подобруваме и таа порака е разбрана. Обврска да продолжиме уште послно, да не се опуштиме ниту еден ден и да  ја претвориме надежта во конкретни резултати. Да покажеме дека чесноста и трудот  победуваат, дека политиката може да има достоинствено лице, дека Македонија може да биде пример на соживот, ред и напредок, порача Мицкоски.

Мицкоски: Не сум среќен поради дебаклот на СДСМ, но тој е одраз на реалноста дека оваа партија не се реформираше

Овој резултат е порака до СДСМ. Морам да признаам дека не сум среќен поради нивниот дебакл, но тој е одраз на реалноста дека оваа партија не се реформираше и не фати чекор со времето, истакна премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по убедливата победа на локалните избори.

-Вечерва не славиме против никого. Славиме за Македонија. Славиме за новата енергија што ја движи државата напред за работата, за ред, за одговорност. Секој глас што го добивме е доверба, но и обврска и со одговорност простапувам кон секој даден глас. Секои избори се порака и опвие избори се порака и до нас, да не се забегува во победата туку да се носиме со одговорноста дадена од граѓаните и да ја оправдаме. Да се менуваме и подобруваме и таа порака е разбрана. Обврска да продолжиме уште послно, да не се опуштиме ниту еден ден и да  ја претвориме надежта во конкретни резултати. Да покажеме дека чесноста и трудот  победуваат, дека политиката може да има достоинствено лице, дека Македонија може да биде пример на соживот, ред и напредок, порача Мицкоски.

Порача дека е време за обединување и работа и се заблагодари за сите кои гласаа на овие избори.

-Оваа победа е и ваша, на сите кои гласаа различно. Ја почитуваме вашата одлука и ве покануваме да бидеме заедно во работатав што следи. Нашата визија не е партиска, таа е државна. Знам дека имаше луѓе кои овој пат не излегоа на гласање, знам дека некои не гласаа за нас. И тоа е во ред, тоа е дел од демократијата. Но сакам искрено да им порачам: И вашиот глас и вашата тишина ги слушнавме, рече Мицкоски.

На граѓаните им порача дека само обединети како народ можеме да ја направиме Македонија земја во која вреди да се живее.

 

Најнови вести од Македонија

To top