Сите избирачки места во општина Струга се отворени навреме, точно во 7 часот, потврди за МИА претседателот на Општинската изборна комисија Минир Жута.
Процесот на гласање, според него, се одвива во најдобар ред.
– Сите 101 избирчако место во општина Струга се отворени на време и процесот на гласање тече нормално и во најдобар ред, изјави Жута.
Во Струга и струшко, во единствениот избирачки список, според Државната изборна комисија има 62 711 гласачи. За гласање во домашни услови беа пријавени 422 болни и изнемоштени лица и тројца затвореници.
Во трката за градоначалник во вториот круг останаа двајца од деветмина кандидати, кои учествуваа во првиот круг пред две недели.