Градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев денеска го доби решението за нов мандат.
На свечената седница во организација на Општинската изборна комисија решенијата им беа врачени и на новоизбраните советници во Советот на Општина Велес.
-Благодарност до ОИК и сите вклучени институции за успешната организација на изборниот процес, како и до граѓаните кои на фер и демократски начин ја искажаа својата недвосмислена поддршка. На нас останува да го реализираме сето она што го ветивме и граѓаните го очекуваат, самостојно и во соработка со централната власт. Јас и понатаму ќе останам истиот човек кого можете да го сретнете во Општината, на спортски и културни настани, но и низ велешките улици, бидејќи Велес е мојот град, градот кој го сакам, вели Колев.