Среднистот Амар Мециновиќ, кандидатот кој во CV-то за Собрание излажа дека е политиколог, како и во повеќе интервјуа, во последната порака до граѓаните даде дијагноза дека наводно „Ние живееме во социопатска политичка култура која се наметнува“?! Можеби тие, ние не…
Декларативно глумејќи го идолот Фрчкоски и расфрлајќи се со зборови и давајќи политички дијагнози кои очебијно не ги ни разбира, затоа што има само 7 положени испити на „завршениот“ Правен Факултет во Скопје, Амар повторно влезе во омилената ролја на „политиколог“ и Фројдовски ја призна мисијата на Левица и групировката околу Апашиев, велешанецот кој глуми скопјанец. И не, не е греШка…
„Ние не смееме да дозволиме да има апсолутна власт, оваа гарнитура злонамерна да има претседателска функција, владина функција, локални единици, да ни ги држат општините скопски и да ни го држат градот, тоа не смее да се случи“, призна несакајќи и во творечки немир несудениот политиколог.
И доби „Златна малинка“ за улогата на политиколог, момент кој ќе биде вистински кога ќе положи/мине уште три години на Правен.
Крајот, делото го краси, вели македонскиот народ…