Нема дел од државата во којшто не поминавме во оваа кампања и нема ниту една категорија на граѓани кои се задоволни од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, истакна претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на вчерашниот граѓански собир во Конче. Тој се’ уште тврди дека тие победиле на изборите?!
Филипче посочи дека за година и пол владата на ВМРО-ДПМНЕ не ги зголемила платите , ниту пак им помогнала на граѓаните во услови кога цените на храната наводно растеле од месец во месец.
„Работниците немаат зголемување на платите. Трошоците за храна, трошоците за живот растат без контрола. А владата не прави ништо да ги исконтролира, иако има механизми за тоа. Единствената причина зашто оваа влада не го прави тоа е поради тоа што не се грижи вистински така како што треба ниту за државата, ниту за граѓаните“, рече Филипче.
Уште на 29 јули 2025-та премиерот Мицкоски ги демантораше овие лажни вести и неосновани тврдења на Филипче, кој сега во кампањата ги батали Бугарите во Устав и перфидните црвени линии, па „удри“ на економија. За жал, со лаги. Пред 3 месеци, премиерот Мицкоски му порача:
Бруто и нето просечната плата растат повеќе од 11 проценти и тоа е доволен доказ дека од опозицијата креираат невистини, изјави тогаш премиерот одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу”.
Според Мицкоски, и тоа не е доволно, просечната плата треба да биде уште поголема и во таа насока, посочи премиерот, ние како Влада продолжуваме да работиме.
-Сакам да кажам дека просечната плата треба да биде уште поголема и во таа насока ние како Влада продолжуваме да работиме. Но, самиот факт што и бруто и нето просечната плата растат повеќе од 11 проценти, е демант за сите оние, би рекол некрофили во рамките на опозицијата, кои во изминатиот период континуирано конструираа и лиферуваа лаги во јавноста дека платите не растеле, дека платите стагнирале итн. Овие податоци што сега стигаат се доволен доказ дека тие што освен тоа што не говорат вистина, туку шпекулираат, конструираат и креираат невистини и ништо не можат да сработат. Токму затоа таква е состојбата во опозицијата и токму затоа народот ја изгуби довербата во нив, изјави Мицкоски.