Хроника

Гостиварка измамена: Купила стан, па дознала дека му го платила на човек кој не е сопственикот

Гостиварка измамена: Купила стан, па дознала дека му го платила на човек кој не е сопственикот

Гостиварка била измамена од сограѓанин при купување на стан.

-Четириесет и едногодишна гостиварка вчера во 12 часот пријавила дека од гостиварец купила двособен стан, по што од него ги добила клучевите за станот, му ја платила договорената сума, но по извесно време кај пријавителката дошле неколку други лица и и кажале дека станот не е сопственост на лицето што претходно и го продало и сфатила дека е измамена, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

To top