Македонија Млади херои

Стојкоски: Ѓорче има балкански шампион во таекводно

– Ѓорче Петров има сила, има талент и има шампиони! Продолжуваме да го градиме спортскиот дух на нашата младина!, напиша Стојкоски

Стојкоски: Ѓорче има балкански шампион во таекводно

Младите херои Огнен Лазески и Марјан Јандриовски се враќаат во Ѓорче Петров со блескави медали од Балканското првенство во таеквондо, одржано во Дупница, Бугарија.

Огнен Лазески – БАЛКАНСКИ ШАМПИОН! Во полуфиналето го совлада противникот од БиХ (2:0), а во финалето доминираше против Косово (2:0, една рунда со PTG) и ја донесе првата балканска титула за ТК „СИЛА“! 🥇

Марјан Јандриовски го освои третото место, потврдувајќи дека младите спортисти од Ѓорче се иднината на македонското таеквондо!

– Голема благодарност до нивниот тренер Филип Јосифовски и целиот тим од Таеквондо Клуб „Сила“, кои со посветена работа и спортски дух ја претставуваат нашата општина на најдобар можен начин и се пионери во таеквондо во нашата општина. Ѓорче Петров има сила, има талент и има шампиони! Продолжуваме да го градиме спортскиот дух на нашата младина!, напиша градоначалникот Стојкоски.

🏆 ЃОРЧЕ ИМА БАЛКАНСКИ ШАМПИОН ВО ТАЕКВОНДО! 🥇🥉🇲🇰

Нашите млади херои Огнен Лазески и Марјан Јандриовски се враќаат во…

Posted by Александар Стојкоски on Wednesday 29 October 2025

To top