Претседателот на Фудбалска Федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, на својот фејсбук профил сподели дека е именуван за член на Олимпискиот фудбалски комитет на ФИФА.
„Овој комитет, под покровителство на Советот на ФИФА, игра клучна улога во развојот и координацијата на фудбалот во рамки на Олимписките игри и во соработката со меѓународниот олимписки комитет.
Горд сум што ќе бидам дел од група на истакнати фудбалски претставници од целиот свет и што ќе имам можност да го претставувам македонскиот фудбал на највисоко меѓународно ниво“, потенцира во објавата Омерагиќ.
Задоволство и привилегија е да споделам дека сум именуван за член на Олимпискиот фудбалски комитет на #FIFA.
Овој…
Posted by Masar Omeragić on Вторник, 28 октомври 2025