Фудбал

Рафиња за Јамал: Незрел си, го мотивираше Реал

Рафиња за Јамал: Незрел си, го мотивираше Реал

Рафиња, јавно и директно го прозва својот соиграч, тинејџерската сензација Ламине Јамал, обвинувајќи го за незрелост која го чинела тимот.

Бразилецот, кој го пропушти натпреварот поради повреда, но беше присутен на “Сантијаго Бернабеу”, не штедеше зборови во изјавата за DAZN. “Тој згреши што беше млад и незрел кога го кажа тоа што го кажа. Неговите зборови му дадоа дополнителна мотивација на Реал Мадрид”, изјави Рафиња предизвикувајќи вистински земјотрес во соблекувалната на каталонскиот гигант.

Изјавата доаѓа како директна последица на однесувањето на Јамал во деновите пред големото дерби, кога 18-годишниот фудбалер со своите коментари дека Барселона лесно ќе победи и дека Реал “краде”, ја подгреа атмосферата до максимум. Оваа ароганција не само што не се материјализираше на теренот, туку предизвика и тензии за време на самиот натпревар

To top