Хроника

Утрово апсење во Струга

Утрово апсење во Струга

На 25.10.2025 во 08:15 часот на улица „Владо Малески“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го приведоа Ф.К.(63) од струшкото село Велешта.

Тој бил баран врз основа на наредба од Основен суд Струга за издржување затворска казна од една година за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик.

Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.

Најнови вести од Хроника

To top