Поминаа 5-6 дена од првиот круг на Локални избори 2025, ги оладивме главите, страстите малку се подсмирија и ред е да најавиме една анализа што се случи на овие избори, кој постигна голем успех, кој е задоволен од постигнатото, а кој е незадоволен и кои политички субјекти и поединци се најголеми губитници. Оваа анализа и проценка и евентуалните констатации и закљуцоци ќе ги реализираме исклучиво преку егзактно мерливи показатели(глобалните и конкретните бројки за изборите) и преку оценување на искажаното и покажаното во изборната кампања(кој имал најмоќна персуазија, т.е. моќ на убедување). Зошто? Па затоа што моќта на бројките е огромна и несоборлива. Некој може да се обиде да манипулира сонив, како и што поедини фактори тоа и го прават, ама никогаш, баш никогаш нема да бидат успешни и убедителни.
Најпрвин за контекстот, искажан преку бројки, во кој се одржаа изборите.
Факти и податоци за Локални избори 2025
Во Единствениот избирачки список беа запишани 1 815 350 гласачи. На Гласање излегоа 48,29%(883 937 избирачи) гласачи и го дадоа својот глас на некој од кандидатите. Бројот на неважечките ливчиња изнесува 53 713(невообичаено голем број на неважечки ливчиња за локални избори – досега најголем).
На изборите учествуваа 22 политички партии, 19 коалиции, 303 листи за градоначалници, 558 листи за советници. Овие бројки се егзактни и точни, потврдени од ДИК. Манипулација не е можна.
Постигнати резултати
Освоени гласови на советнички листи
ВМРО-ДПМНЕ – 301 919(освоени 550 советници0
СДСМ – 125 824(освоени 233 советници)
НАИ(ДУИ) – 114 246(освоени 153 советници)
ВРЕДИ – 91 242(освоени 131 советници)
Левица – 57 063(освоени 66 советници0
ЗНАМ – 38 421(освоени 44 советници)
Искуство за успех – 13 000
Мали партии(МААК, СПСМ, ПОДЕМ, Демократски сојуз – 8825(9 советници)
Независните сеуште не се пресметани(за нив гласале преку 100 000 гласа)
Резултати за градоначалници
ВМРО-ДПМНЕ – 33 градоначалници победа во прв круг(вкупно води во 59 општини)
ВЛЕН – 4 градоначалници победа во прв круг, вкупно води во 9 општини
НАИ(ДУИ) – 3 градоначалници победа во прв круг, вкупно води во 5 општини
СДСМ – 3 градоначалници победа во прв круг, вкупно води во 8 општини
ЗНАМ – води во Куманово со 16 391 глас(Максим Димитриевски), наспрема 5973 гласа на Горан Стојковски(независен) и оди во втор круг во Центар(Мирослав Лабудовиќ – 5707 гласа), наспроти Горан Герасимовски(СДСМ) со 8538 гласа
Изборите беа неуспешни во 4 општини(Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа, Маврово и Ростуше) со вкупно 126 919 гласачи, а гласале само 37 402 гласачи во тие четири општини.
И сега, како, на кој начин се постигнаа овие бројки и резултати? Кои беа одлучувачки фактори?
На прво место е карактерот на кампањата, дали таа, за секоја политичка партија е позитивна, негативна, црна или пак комбинирана. Тука пред се мислам на содржината(што е понудено), тоналитетот(позитивен, нормален или негативен), како тоа е презентирано, и секако на визуелниот и креативен израз на сето тоа.
Не смее да се заборави и начинот на комуницирање со избирачите и изборниот дискурс помеѓу конкурентите.
Сите овие фактори имаа различно влијание од различни актери на изборите кон неопределените гласачи, гласачите со помал интерес за политика и гласачите со помало познавање на политика. А тоа пак влијание ја создава стапка на одзив и стапка на опаѓање на излезноста. Така на крајот, т.е. на денот на изборите се формираат феномените “мост на доверба“, во однос на секој политички субјект и во контекст на изборите во целост(кога излезноста е солидна, добра, многу добра или одлична) и “јаз на не/доверба“, кога излезноста е мала, или на граница на легитимитет, како што е во 4 општини каде изборите не успеаја.
Да не заборавиме дека изборите беа слободни, мирни, фер, демократски и кредибилни, по оценка на домашните и странските посматрачи – ОДИХИР, ДИК, учесниците во истите и медиумите.
Ете, за денес толку, а во продолженијата што следуваат ќе ги анализираме и коментираме резултатите и феномените и синдромите што ги забележавме, како во изборната трка, така со пребројаните и утврдени резултати, поединечно за секој учесник во изборите.
(продолжува)
Сотир Костов