Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски денес беше на Вардариште. Тој додаде дека екипите на ЈКП Гази Баба континуирано се на терени и се превземаат активности за собирање на комуналниот отпад и негово транспортирање на Дрисла.
– Дополнително, го исполнивме ветувањето — поставени се камери и депонијата е под 24-часовен видео надзор. На сила остануваат мерките за забрана за движење на депонијата, а на лице место се полициски службеници кои вршат постојан надзор и контрола.
Стефковски потенцира дека со чекор по чекор се решава ова прашање — посветено и одговорно за почисто и посигурно општество!
📍 Денес бев на Вардариште.
🚜 На терен, континуирано ЈКП Гази Баба превзема активности за собирање на комуналниот отпад…
Posted by Бобан Стефковски on Среда, 22 октомври 2025