Македонија Општина Ѓорче Петров

Стојкоски: На башибозукот му се ближи крајот – одговорност ќе има

Екипите на Комунален пункт се постојано на терен да се изборат со нефункционирањето на градот и Комунална Хигиена Скопје, објави Стојкоски.

Стојкоски: На башибозукот му се ближи крајот – одговорност ќе има

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, објави дека екипите на Комунален пункт се постојано на терен за да се справат со последиците од, како што вели, „нефункционирањето на Градот и на ЈП Комунална хигиена – Скопје“.

Стојкоски ја поздрави акцијата на Министерството за внатрешни работи и инспекциските органи, кои по наредба на Владата започнаа вонреден инспекциски надзор во Град Скопје и во Комунална хигиена, поради сериозните проблеми со несобирање на отпадот, објави Стојкоски.

„Екипите на Комунален пункт се постојано на терен да се изборат со нефункционирањето на градот и Комунална Хигиена Скопје. Ја поздравувам акцијата на МВР и надлежните инспекторати и како општина сме ставени целосно на располагање за обезбедување на потребната документација и документи. На овој башибозук му се ближи крајот и одговорност ќе има!“, напиша Стојкоски на социјалните мрежи.

Изјавата на Стојкоски доаѓа во момент кога ситуацијата со отпадот во Скопје е оценета како алармантна, а Владата донесе одлука за итна интервенција на државно ниво со цел заштита на јавното здравје и воспоставување ред во комуналните служби.

Екипите на Комунален пункт се постојано на терен да се изборат со нефункционирањето на градот и Комунална Хигиена…

Posted by Александар Стојкоски on Вторник, 21 октомври 2025

To top