Македонија локални избори 2025

Ѓорѓиевски ја прифати поканата за дебата со Мециновиќ: Граѓаните заслужуваат отворена и аргументирана дебата

Транспарентноста и почитта кон граѓаните се темели на вистинска демократија, а токму тоа ќе го покажеме и овој пат“, потенцира Орце Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски ја прифати поканата за дебата со Мециновиќ: Граѓаните заслужуваат отворена и аргументирана дебата

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на владејачката партија, Орце Ѓорѓиевски прифати дебата со својот против кандидат во пресрет на втор круг локални избори 2025 година.

-Почитувана јавност, драги скопјани, сакам да ве информирам дека ја прифаќам поканата за дебата со мојот против кандидат Амар Мециновиќ, која до мене ја достави Канал 5 телевизија, објави Ѓорѓиевски.

„Тоа е прва телевизија со национална концесија која достави покана за дебата. Граѓаните заслужуваат отворена и аргументирана дебата, во која секој кандидат ќе ги претстави своите визии, програми и решенија за иднината на Скопје. Транспарентноста и почитта кон граѓаните се темели на вистинска демократија, а токму тоа ќе го покажеме и овој пат“, потенцира Орце Ѓорѓиевски во објавата.

♥️ Почитувана јавност, драги скопјани,

сакам да ве информирам дека ја прифаќам поканата за дебата со мојот против…

Posted by Орце Ѓорѓиевски – Orce Gjorgjievski on Вторник, 21 октомври 2025

To top