Вести компаративна анализа на изборите во 2021-та и 2025-та година

Изборни математики: СДСМ ВО МИНУС 50%, ВМРО-ДПМНЕ плус 25%

Иако, следува битка во вториот круг, претпоставката е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има минумум 53 градоначалници, што е скок од 11 места или 25% повеќе споредбено со 2021-та, кога исто така доминираше. СДСМ со сегашни можни ОСУМ контра тогашни ШЕСНАЕСЕТ губи 50%, ВМРО-ДПМНЕ добива 25%.

Изборни математики: СДСМ ВО МИНУС 50%, ВМРО-ДПМНЕ плус 25%

 

Во првиот круг, градоначалници во 2021-та биле избрани во 34 општини, а во 46 општини и во Град Скопје имало втор круг. ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг победиле во 22 општини, СДСМ во 9, а ДУИ во 3 општини. ВРЕДИ тогаш, не ни постоеше.

Во 2025-та, на овие избори според обработени 99,94 отсто од гласовите на избирачите на 3.472 од вкупно 3.474 избирачки места, ВМРО-ДПМНЕ ќе има градоначалници во 32 општини (10 повеќе од прв круг 2021.г) избрани уште во првиот круг. СДСМ има само 3 (ШЕСТ помалку од 2021.г), ВРЕДИ 5, ДУИ/НАИ 4 градоначалници.

СДСМ на изборите 2025-та во втор круг оди во 17 општини, од кои само во 5 има водство во првиот круг. Дури и да победи во нив, ќе има вкупно ОСУМ градоначалници. На изборите во 2021-та, по вториот круг СДСМ имаше 16 градоначалници. Ова би бил резултат за 50 проценти послаб од минатите избори.

ВМРО-ДПМНЕ веќе има 32 градоначалници и води во 21-на општина во ПРВИОТ КРУГ, плус сигурната победна на Орце Георгиевски во Град Скопје. Ако се преслика моментот со водството и резултатот на СДСМ, ова би водело (хипотетички) кон сооднос од 53:8. Соодносот е скоро ШЕСТ НАСПРЕМА ЕДЕН.

Иако, следува битка во вториот круг, претпоставката е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има минумум 53 градоначалници, што е скок од 11 места или 25% повеќе споредбено со 2021-та, кога исто така доминираше. СДСМ со сегашни можни ОСУМ контра тогашни ШЕСНАЕСЕТ губи 50%, „упола“ помалку…

Зарем има потреба од прашањето, кој е победник?

Најнови вести од Вести

To top