Рускиот тенисер Данил Медведев славеше на турнирот во Алмати, Казахстан, со што ја освои својата прва титула по подолг период.
Во финалето Медведев извојува победа со 2:1 во сетови (7:5, 4:6, 6:3) по повеќе од два и пол часа борба на терен.
Натпреварот беше исполнет со пресврти, но искусниот Русин покажа мирна рака во клучните моменти и успеа да го затвори мечот во своја корист.
Овој трофеј има особено значење бидејќи е прв по подолга пауза за Медведев, кој претходно последен пат триумфираше во 2023 година.
Победата во Алмати може да биде голем поттик за него во завршницата на сезоната и враќање на старата форма.