Македонија

Над 9 проценти излезност до 11 часот

Над 9 проценти излезност до 11 часот

154.275 гласачи односно 9,84 проценти од запишаните гласачи од 3.139 избирачки места од кои Државната изборна комисија има податоци, го оствариле правото на глас до 11 часот.

Од ДИК истакнаа дека до овој момент кај нив не се пристигнати информации за евентуални проблеми со кои би се соочувале избирачките одбори при процесот на гласање.

Според податоците на ДИК,  општини со најголема излезеност се Чашка 22,60 проценти, Новаци 19,3, Пробиштип, 17,64, Крушево 16,97, Крива Паланка 16, 85, Кратово 16,16, Вевчани 16,02, Дебрца 15,76, Градско 15, 27,  Ранковци, 15,5, Демир Капија, 15, Богданци, 14,55, Берово 13,51, Гевгелија, 12,81, Виница, 10,76, Бутел 10 проценти.

Со најмала излезеност се општините Врапчиште, 2,54 проценти, Сопиште, 3,93 проценти, Боговиње, 4,48 проценти и Центар Жупа, 4,89 проценти.

Изборите ги набљудуваат 1484 набљудувачи од кои 800 домашни 645 меѓународни и14 странски новинари.

На денешните избори се гласа на 3 474 избирачки места, на кои до 19 часот правото на глас можат да го искористат 1 832 415 граѓани.

На локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати.

 

Најнови вести од Македонија

To top