За време на следниот мандат ќе изградиме два нови мега паркови. Едниот ќе го изградиме во населеното место Радишани, поточно близу трет влез, вели Дарко Костовски, градоначалник на Бутел и кандидат за уште еден мандат.
-Вториот мега парк ќе го изградиме близу булеварот Христијан Тодоровски Карпош, во населеното место Бутел 1. Двата парка ќе се простираат на вкупна површина од 30.000 метри квадратни, рече тој.