Фудбал

Душан Влаховиќ потпишува за Барселона

Душан Влаховиќ потпишува за Барселона

Италијанските медиуми тврдат дека челниците на Барселона сериозно ја разгледуваат можноста да го доведат Душан Влаховиќ, напаѓач на Јувентус, во своите редови како потенцијална замена за легендарниот Роберт Левандовски, кој ќе може да го напушти „Камп Ноу“ кога ќе му истече договорот следното лето.

Исто како и Левандовски, Влаховиќ исто така се ближи кон крајот на својот тековен договор, а Tuttosport пишува дека српскиот фудбалер најверојатно ќе го напушти Јувентус по завршувањето на сезоната и покрај добриот почеток.

За Влаховиќ, сезоната 2024/2025 беше тешка на индивидуално и тимско ниво, и се очекуваше дека ќе ја напушти „Старата дама“ минатото лето, но сепак остана. Тој сега ја одработува последната година од договорот со клубот од Торино.

 

To top